Поврзи се со нас

Гостивар

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Објавено

на

Гостиварското село Вруток има специфично одбележување на празникот Богојавление – Водици, според датумот на прославата, која е на 20-ти јануари и уникатните обичаи кои се изведуваат во реката Вардар.

Уште од рано утрово во Вруток се чувствуваше празничната атмосфера за како што се нарекуваат Женски Водици, особено на центарот на селото кадешто се собираат кумовите со семејствата, како и во црквата „Свети Архангел Михаил“. Тоа е храмот во кој кумовите се упатуваат, следат литургија, а потоа во дворот го развиваат орото придружено со зурли и тапани.

Радоста и исполнетоста јасно се гледаат во очите на сите кои учествуваат во традицијата. Кумовите со гордост ја носат селската носија, а во носии се облекуваат и млади невести и дечиња. Глетка која ја милува и топли душата.

По орото се слегува надвор кон реката Вардар и се пее песната „Во Јордање“. Таму кумовите сосе котлињата со крстот влегуваат во Вардар.

Граѓаните што се насобрани околу фрлаат јаболка во реката, а кумовите во дисазите собираат од овошјето, и истовремено и си фрлаат вода еден на друг и го рисаат народот за здравје. На тој начин со крстовите ја осветуваат и водата. Се верува дека и јаболката се осветени, а од нив земаат и граѓаните, па потоа ги јадат за здравје.

„Кумовите секогаш се водени од глава до пети. Интересно е што и кога имало многу минуси температури и порано се одело и пешки до дома така водени, ниеден до сега не се разболел, колку и да бил воден. Значи господ помага. Ова ни останало традиција во Вруток и вечно ќе ја чуваме.“, вели Звонко Богданоски, жител на селото.

Обичаите за Женски Водици всушност почнуваат неколку дена претходно, односно од 17-ти јануари, кога се сучат врвките за крстовите со црвено-бела волница. Потоа се оди во црквата „Св. Мина“ каде се врзуваат крстовите.

„Во Вруток има 4 маала и секое има свој крст. На 18 јануари со врзаниот крст секој кум оди по куќите во своето маало, тој ден е строг пост, се јаде гравче, туршија и греана ракија. На 19-ти  доаѓаме во црква, кумовите ги земаат котлињата со крстот на кој има и босилек, излегуваме надвор поставуваме 2-3 маси и кумовите почнуваат да го одврзуваат крстот со пеење на песната „Во Јордање“. Кога ќе завршат со одврзувањето ја сечат врвката на парчиња и секој граѓанин од кумот си добива парче, од тој крст на коешто маало припаѓа. Тука завршува кумството на стариот кум и му се предава на новиот кум“, ни појасни Богданоски.

Како и секогаш и годинава, прославата на Женски Водици во Вруток собра многу народ, кој со интерес и задоволство ги следи и учествува во традиционалните обичаи.

За многу години!

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 12 часа

Црвена леќа – мешунка со мноштво здравствени придобивки

Македонијапред 13 часа

Етика во религиите да се врати како задолжително-изборен предмет, бара Асоцијацијата на професори

Гостиварпред 16 часа

Уште една пријава за напад од куче скитник во Гостивар

Македонијапред 17 часа

АНБ воведува задолжително полиграфско тестирање во процесите на проверка и селекција

Македонијапред 17 часа

Дали ќе се ограничат маржите на основните производи? Трговците и дистрибутерите на средба со министерот за економија

Македонијапред 18 часа

„Клексан“ ќе може да се зема во аптеките со рецепт, наместо да се бара рефундација

Светпред 19 часа

Мерцедес започнува повлекување на илјадници возила од 1 април поради неисправност

Гостиварпред 20 часа

Таравари: Ваљбон Лимани потенцијален кандидат за градоначалник на Гостивар од ВРЕДИ

Македонијапред 21 час

Над 5.150 корисници на МојДДВ немаат точни податоци, УЈП ги повика да направат проверка за да им бидат исплатени парите!

Гостиварпред 4 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 3 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Непал вработени во локал во Маврово се оддалечиле од објектот

Видео емисиипред 4 недели

ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители

Гостиварпред 2 недели

Од маркет во Гостивар украдени пари и цигари, едно лице лишено од слобода

Македонијапред 4 недели

Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена