Поврзи се со нас

Гостивар

Празнување на Свети Трифун во Лешочки Манастир

Објавено

на

Утрово на празнувањето на Светиот маченик Трифун, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на повеќе свештенослужители изврши чинот на Мал водосвет во Лешочкиот Манастир, а потоа, според традицијата, беше закроено и манастирското лозје.
Во својата беседа Митрополитот г. Јосиф меѓу другото истакна:
,,Светата Православна црква, секојдневно прославува по некој Божји угодник. Денес го прославува светиот маченик Трифун. Прославувајќи го денеска овој Божји маченик, нашата света Црква и вера нè поучува и од нас бара да се угледаме на силната и непоколеблива вера, како кај апостолите, така и кај овој Божји маченик. Од нас, ниту Црквата, ниту Господ Христос бара и очекува да бидеме маченици. Тоа не се бара бидејќи никој не нè прогонува и немаме потреба од такви подвизи. Но, не треба да заборавиме дека непријателот на човечката душа постојано нè искушува со разни соблазни и интриги за да нè оддалечи од Бога, од Црквата, од правдата, од вистината, од љубовта, и од сè она што нè води кон зададената цел. А тоа е, спасението на нашата душа. Да се обратиме со искрена молитва кон св. маченик Трифун, тој нека всади во нашите срца и во нашите души силна и непоколеблива вера. Денес овде во Лешочкиот манастир, го извршиме чинот на бла­го­сло­ву­вање и закројување на лозата и на таков начин го повикавме Божјиот бла­го­слов да пребива врз нашите плодови, но и врз трудот кој треба да го вложиме во обработувањето на производите. Денешниот ден да го поминеме молитвено, онака, како што прилега на вистински православни христијани, а не во не­на­ситно јадење и неумерено пиење, зашто таквите дела нам не ни приличат и спротивни се на Божјиот закон. Благословот од Бога и Црквата ќе го стекнеме само то­гаш, кога нашата молитва ќе биде трезвена, разумна и срдечна, а не плитка и бе­зумна. Токму затоа, Господ Бог нека го благослови разумното делото од на­ши­те раце, кое ќе принесе плод достоен за Божја слава и за наша корист. Амин!”

фото:тетовско-гостиварска епархија

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 6 часа

Летно-зимско време…Кои се последиците од поместувањето на часовникот

Гостиварпред 8 часа

Кривична за измама против гостиварец, наплатил 1.800 евра да направи кујна ама не ја испорачал

Македонијапред 11 часа

Годинава ќе има дополнително олеснување на државната матура

Македонијапред 11 часа

Доделени годишните новинарски награди на Здружението на новинари на Македонија

Гостиварпред 12 часа

На Светскиот ден на театарот Гостиварски театар започна подготовка на нова претстава, комедија за бракот

Македонијапред 14 часа

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Гостиварпред 15 часа

Усмртена мечка на патот Тетово-Скопје, возачот повреден

Гостиварпред 16 часа

Неделна акција на полицијата за брзо возење-49 казни во Гостивар, 99 во Тетово

Вестипред 17 часа

Ќе ставам крај на војната во Украина за 24 часа, вети Трамп

Гостиварпред 7 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена