Гостивар
Пребрзо се вози низ улиците и патиштата во Гостивар, контролите засилени

Неприлагодената брзина според условите на патот, односно пребрзото возење и минатиот месец (октомври) бил еден од најчестите сообраќајни прекршоци на подрачјето на СВР Тетово. Во овој период регистрирани се вкупно 549 пречекорувања на максимално дозволената брзина (Тетово-311 и Гостивар-238), претежно надвор од населено место, особено на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, но и на околните регионални патишта, како и на влезовите во Тетово и Гостивар.
„Овие пречекорувања соодветно биле санкционирани со изготвување на поднесоци и со други законски предвидени мерки кои се однесуваат на возачите кои драстично ја пречекориле дозволената брзина. Зависно од констатираното пречекорување возачите ќе се соочат со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност, а екстремно брзите и со заштитна мерка забрана за управување на возилата од три месеци до една година.“, стои во полициското соопштение.
Редовните, засилените и акциските контроли за брзина ќе продолжат и во наредниот период, дотолку повеќе што токму пребрзото возење било причина за 23 од тетовските октомвриски сообраќајни несреќи, а слична е состојбата и на гостиварското подрачје, нагласуваат од СВР.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава