Поврзи се со нас

Занимливости

Пред 40 години таа мистериозно преживеа иако телото ѝ беше 6 часа под мраз! Што вели науката денес

Објавено

на

Едно новогодишно утро во Минесота, САД, во 1980 година, човек по име Воли Нелсон налетал на телото на својата пријателка кое лежело смрзнато во снегот на само неколку метри од неговата куќа.

Автомобилот на деветнаесетгодишната Џин Хилијард заглавил во снегот додека се враќала дома доцна во ноќта. Облечена во зимски капут и чизми, таа излегла на температура под минус 30 Целзиусови степени за да побара помош од својот пријател.

Во еден момент, се лизнала и удрила со главата губејќи свест. Шест часа телото на Хилијард лежешело на студот. Телото постепено се ладело и во еден момент потполно замрзнало.

„Ја фатив за јаката и ја провлеков во тремот“, изјавил Нелсон неколку години подоцна, во интервју за јавното радио во Минесота.

“Мислев дека е мртва. Замрзната како камен, но видов неколку меурчиња како излегуваат од нејзиниот нос”.

Ако не бил брзиот одговор на Нелсон, Хилијард можеби ќе станела само еден од илјадниците смртни случаи предизвикани од хипотермија. Наместо тоа, нејзината приказна стана феномен и дел од медицинската научна љубопитност.

Како може едно тело да преживее кога е толку цврсто замрзнато?

Приказните за луѓе кои преживеале ниски температури се доволно невообичаени, но не се нималку ретки. Всушност, медицинските специјалисти за студена клима имаат изрека: „Никој не е мртов додека не е мртов и затоплен“.

Под контролирани услови, намалувањето на телесната температура може да го забави метаболизмот и да ја намали потребата на телото за кислород.

Во медицински услови, или во ретки прилики на друго место, ладното тело може да го сопре процесот на умирање, барем за некое време. Доволен е барем слаб пулс.

Телесна температура на Џејн била едвај 27 степени Целзиусови, цели 10 степени под онаа на здрав човек. Лицето ѝ било сиво како пепел, очите тврди, а кожата толку цврста што не можела да се дупне со игла.

Според зборовите на Џорџ Сатер, лекарот што ја прегледал: „Телото било студено, целосно цврсто, исто како парче месо од фрижидер за длабоко замрзнување“.

Сепак, за само неколку часа, загреано со грејни подлошки, телото на Хилијард се вратило во нормала. До пладнето веќе можела да зборува иако прстите сѐ уште ѝ биле вкочанети. Наскоро ја пуштиле дома.

За пријателите и семејството, сето тоа се случило благодарение на моќта на молитвата. Но, каде е биологијата по ова прашање?

За разлика од многу супстанции, водата зазема поголем волумен во цврста агрегатна состојба отколку што има како течност. Оваа експанзија е лоша вест за телесните ткива зафатени од студот, бидејќи течноста којашто ја содржат би можела да ги оштети клеточните мембрани.

Само неколку кристали мраз се доволни за да ги пробијат клеточните мембрани на клетките од ѕидот на крвните капилари предизвикувајќи појава на поцрнети дамки накожата, она што ние обично го знаеме како смрзнатини.

Некои животни имаат еволуирано адаптирајќи се да се справат со опасностите од таквата појава. На пример, некои риби од длабочините на Антарктикот произведуваат гликопротеини како еден вид природен антифриз. Дрвената жаба ја претвора содржината на нејзините клетки во сируп преплавувајќи го телото со гликоза, со што се спротивставува на замрзнување и дехидрација.

Само со надворешни набљудувања тешко е со сигурност да се каже како телото на Хилијард издржало да биде замрзнато. Имало ли нешто уникатно во хемијата на нејзиното тело?

Можеби. Многу поважно прашање е што точно значи „замрзнато“ во овој случај. Иако температурата на нејзиното тело била ниска, веројатно сѐ уште била далеку од точката на мрзнење.

Фактот дека телото на Хилијард било здрвено е вообичаен знак за тешка хипотермија, бидејќи ригидноста на мускулите се зголемува до тој степен што може да наликува на мртовечка вкочанетост, што се случува по смртта на телото.

Тоа што површината на нејзиното тело била ладна и бледа, па дури и нејзините очи изгледале стаклести и тврди, исто така може да се објасни. Телото ги стеснува крвните садови под кожата за да ја одржи циркулацијата и функцијата на внатрешните органи. До тој степен што телото изгледа сиво како пепел и неверојатно студено на допир.

Сепак, можеме само да шпекулираме дали „замрзнатото“ тело на Хилијард било типично, дали е шокантно или навистина уникатно во способноста да издржи таква екстремна промена на состојбата. Меѓутоа, не може да има сомневање дека таа имала и среќа!

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
ФОТО ВЕСТпред 3 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 3 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Гостиварпред 4 недели

Пријава за измама – Двајца гостиварци купиле ист стан

Видео емисиипред 2 недели

ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог

Видео емисиипред 4 недели

ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“

Македонијапред 3 недели

Министерството за енергетика со информации за сметките за струја – Приговори, цена по блокови, процедури…

Македонијапред 4 недели

Околу 32.000 корисници на МојДДВ чекаат поврат на парите

Светпред 4 недели

Џамијата Балиу во Елбасан прогласена за верски објект со најубава архитектура во светот за 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар состанок за училиштата: Носење униформи, отсуства и мобилни телефони дел од темите

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 3 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена