Поврзи се со нас

Вести

Пред 78 години беше употребена првата атомска бомба врз Хирошима

Објавено

на

Јапонија денеска ја одбележа 78-годишнината од американското атомско бомбардирање на Хирошима, при што градоначалникот повика на укинување на нуклеарното оружје и ја нарече идејата на лидерите на Г7 за нуклеарно заплашување „лудост“.

Во осум часот и 15 минути, заѕвони мировното ѕвоно, во исто време кога беше фрлена и бомбата. Околу 50.000 учесници на церемонијата, вклучително и преживеаните, одадоа почит на жртвите со едноминутен молк.

  • Лидерите ширум светот мора да се соочат со реалноста, дека нуклеарните закани за кои сега се залагаат одредени законодавци ја откриваат глупоста на теоријата за нуклеарно заплашување, истакна градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи.

Додека јапонскиот премиер Фумио Кишида посочи дека патот кон свет без нуклеарно оружје станува сè пострмен, делумно поради руските нуклеарни закани, но оти поважно да се врати меѓународната волја за постигнување на таа цел.

  • Светските лидери го посетија овој град, ги видоа неговите споменици, разговараа со неговите храбри преживеани жители, а потоа се охрабрија да се залагаат за нуклеарно разоружување. Тоа треба да го сторат повеќе, бидејќи тапаните на нуклеарната војна повторно чукаат, посочи генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Бомбата фрлена врз Хирошима на 6 август, наречена Мало момче (Little boy), веднаш уби 80.000 луѓе, а до крајот на годината уште околу 70.000. Бомбата со име Дебел човек (Fat man) беше фрлена во Нагасаки на 9 август, при што веднаш загинаа 22.000 луѓе, а уште 39.000 починаа од последици од радијацијата. Јапонија се предаде на 15 август 1945 година.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 7 часа

Што би се случило доколку светот остане без интернет?

Македонијапред 8 часа

Кривични за злоупотреба на имиња на познати лекари во реклами за чаеви

Гостиварпред 10 часа

Што прво би направиле ако станат градоначалнички на Гостивар? Одговараат советничките Нешковска и Ќироска

Гостиварпред 12 часа

Приведен маж во ПС Гостивар за напад врз поранешната сопруга

Македонијапред 13 часа

За 30 % поевтин роаминг за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028-ма година цените се изедначуваат

Гостиварпред 14 часа

Возило удрило во електричен тротинет, гостиварец тешко повреден

Македонијапред 14 часа

До 6-ти ноември трае Конкурсот за поддршка на проекти од културата за 2024 година

Гостиварпред 16 часа

(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки

Вестипред 17 часа

Дваесетина загинати во автобуска несреќа близу Венеција

Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Почина нобеловецот со гостиварско потекло Ферид Мурад

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена