Поврзи се со нас

Гостивар

Пред гостиварци промовирана книгата „Херои од хартија“

Објавено

на

Додека си го откопувам својот лик

од твојот поглед заматен,

создаваме неповторлива сцена,

Како фрагмент од слика на Ботичели.

 

Живи, и со крв исполнети вени,

дожд кој за нас се лепи како смола,

безгрешен израз и сомнителна тишина,

нежен стисок на ветрот по голата кожа.

 

Дрвја кои се извишиле до небото,

нема сенки – се` е толку нестварно,

од чувства изграден скромен декор

тишина – па шепот со ехо.

 

Кој е авторот на сликата без потпис?

 

На небото само една молња,

тоа е вертикален потпис од Бога.

 

„Потпис“ беше една од песните коишто беа претставени пред љубителите на пишаниот збор вчеравечер, на промоцијата на стихозбирката „Херои од хартија“ од гостиварецот Дејан Крстески, што се одржа во Центарот за култура „АСНОМ“.

Ова е негово четврто книжевно дело. „Песните во оваа книга зборуваат за кршливоста на човекот и душевната алергија, но и за потребата да се бунтува кон она што ни се случува во денешницата, кога најголем дел од луѓето трагаат по квази емоции. За херојот велиме дека е добар човек кој им помага на другите луѓе. Но, кој му помага на херојот? Затоа сакам да порачам, бидете најголеми херои пред се`-за себе! Книгата им ја посветувам на сите оние кои се почувствувале осамени, тажни, кои се бореле со депресија, да знаат дека не се сами и не се единствени во таа болка.“, рече авторот.

За творештвото и стиховите во новата книга, на промоцијата зборуваше новинарот и публицист, Киро Кипроски.

„Зборовите на Крстески несомнено заземаат значајно место во современата македонска поезија. Ова дело е збирка за интелектот кој трага по вистината, љубовта и убавината, за духот кој е во потрага по моралот на своето време, за бесмислата која се вовлекува во умот на младиот човек до болка“, истакна Кипроски, кој е и рецензент на книгата.

Дејан Крстески е роден во Скопје, 1986 година. Дипломирал македонски јазик и книжевност на филолошкиот факултет и психологија на филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е и на збирките раскази „Поглед кон небото“ и „Чист хероин“, и на стихозбирката „Луѓе без лица“. Добитник е на повеќе литературни награди и признанија.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 минути

До 15 часот во Општина Гостивар гласале 17.917 гласачи

Технологијапред 48 минути

YouTube слави 19-ти роденден-Знаете ли кое било првото објавено видео?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 21 час

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена