Култура
Пред гостиварци промовирана стихозбирката „Бесконечноста до тронот“

Осумнаесетгодишната гостиварка Емилија Србиноска вчеравечер во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, ја промовираше својата прва збирка поезија со наслов „Бесконечноста до тронот“. Меѓу кориците на книгата се сместени дваесет песни.
„Издавањето на поетска збирка беше мојот сон и многу сум среќна и задоволна што се оствари. Од срце им благодарам на сите кои ме поддржуваа и ми помогнаа во реализацијата на мојата цел“, рече младата поетеса.
Промоцијата ја отвори Дејан Крстески, писател и поет од Гостивар, кој меѓу другото даде и свое гледиште на творештвото и делото на Србиноска. „Песните на Емилија пленат со широк спектар на емоции. Емоции кои пред се` се чисти и детски, целосно неизвалкани, полни со восхит, воодушевување и искреност. Зборовите испишани во оваа книга градат еден вербален мост помеѓу вечното и современието, нудејќи посебен мир“, нагласи Крстески.
Пред присутните кратко обраќање имаше и Флоранда Мухареми, претседател на Клубот на млади поети во Гостивар. „Ја познавам Емилија уште од мала и знам колку е амбициозна и секогаш успева да ги оставри своите цели. Ја има поддршката на клубот, чиј член е и самата. И` посакуваме да реди уште многу успеси“, рече Мухареми.
Емилија Србиноска е родена во 2000-та година во Гостивар. Годинава заврши средно економско училиште, а од наесен продолжува со високо образование. Член е на гостиварскиот Клуб на млади поети. Нејзината прва поетска книга излезе во издание на Здружението за книжевен равој Вавилон од Битола
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите