Поврзи се со нас

Гостивар

Пред инфективно во Гостивар се подготвува мобилна амбуланта за тријажа на пациенти

Објавено

на

Откако почна да расте бројот на заразени со коронавирус на гостиварското подрачје, болницата во Гостивар се организира за евентуален наплив на пациенти. Пред инфективното одделение денес Дирекцијата за заштита и спасување монтираше шатор, кој ќе се опреми да служи како мобилна амбуланта за тријажа (распоредување и групирање на болните според природата на болеста) на пациенти. Целта е да се намалат гужвите на инфективното одделение.

За тоа што поточно ќе се прави во импровизираната амбуланта, поразговаравме со раководителот на инфективното одделение, д-р Ратко Наумоски.

„Овој шатор е поставен со цел да се направи тријажа на пациентите, значи секој пациент што ќе биде пратен на инфективно од матичен лекар најпрво овде ќе биде примен од лекар специјалист. Според тоа што ќе утврди лекарот, пациентот потоа ќе се однесе на соодветното одделение, дали на инфективно или на некое друго или пак кај матичен лекар, ако нема потреба од хосиптализација. Исто така, ние како лекари ќе предложиме овде на пациентите што доаѓаат да им се земе по потреба и ковид тест, а тоа секако ќе оди преку епидемиолошките служби. Во случај ако го пратат кај нас на инфективно, како сомнителен, додека се чека резултат од брисот, пациентот ќе биде во соба предвидена за сомнителни случаи. Ние инфектолозите баравме да има таква амбуланта, затоа што сега сите матични лекари од страв ги препраќаат пациентите кај нас, на инфективно. А на ваков начин, точно ќе се знае како и каде треба да се третираат пациентите. Потенцирам дека во шаторот нема да се ставаат кревети за хоспитализација, туку ќе служи само за амбулантски услуги“, појасни д-р Наумоски.

Моментално на инфективно во Гостивар се згрижени 11 пациенти со Ковид и сите се во стабилна здравствена состојба. Утрово од одделението биле испишани три лица.

Во однос на симптомите кај хоспитализираните, д-р Наумоски вели дека пациентите развиваат најразлична симптоматологија, од висока температура, болки во зглобови, па и повраќање.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена