Поврзи се со нас

Вести

Предадени во употреба амбулантните возила, донација од ТИКА за болницата во Гостивар

Објавено

на

Денес официјално беше промовирана донацијата на ТИКА од две амбулантни возила за гостиварската општа болница. Амбасадорката на Турција во Македонија Тулин Еркал Кара и координаторот на ТИКА, Ајтекин Ајден симболично им ги доделија клучевите на државниот секретар за здравство Владимир Милошев и на градоначалникот Арбен Таравари кои потоа му ги предадоа на директорт на болницата Јакуп Јакупи.

„Ова е многу значајна донација за нашата болница. За пациентите кои имаат потреба да се транспортираат до клиниките во Скопје или здравствени установи во други градови, сега се обезбедени соодветни услови со современа медицинска опрема во самото возило“, рече директорот Јакупи.

Турската Амбасадорка изјави дека ќе продолжат со поддршка за болниците низ Македонија. „За потребата од нови амбулантни возила на болницата во Гостивар бевме информирани од сегашниот градоначалник, во времето кога беше министер за здравство и ветивме дека ќе помогнеме. Турција ќе продолжи да обезбедува донации и да дава поддршка и понатаму“, потенцира Амбасадорката Еркал Кара.

Државниот секретар за здравство Милошев ја нагласи важноста на современите опремени возила за пациентите. „Со новите возила ќе се придонесе за навремено користење на здравствената заштита и полесен транспорт на пациентите од Гостивар и околината. Во мое лично име и во име на Министерството за здравство упатувам благодарност до ТИКА за севкупната заложба за унапредување на здравствената заштита во Македонија. “, рече Милошев.

За донацијата се заблагодари и градоначалникот Таравари: „Благодарни сме што Турција ни излезе во пресрет и ги обезбеди двете амбулантни возила за болницата во Гостивар“.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена