Гостивар
Предавање за основци во Неготино полошко: Сурфај безбедно и внимателно споделувај
Во Основното училиште „Наим Фрашери“ во гостиварско Неготино денеска (5 декември) се одржа превентивно-едукативна активност со учениците од седмо и осмо одделение. Стручно обучени полициски службеници од Полициското одделение Галате пред основците од ова училиште одржаа предавање на тема „Сурфај безбедно и внимателно споделувај“, во рамките на кое поблиску ги запознаа како најефикасно да се заштитат од евентуални злоупотреби на социјалните мрежи, посебно кога контактираат со непознати лица.
„Учениците, исто така, поблиску беа информирани и за тоа – што значи и како се манифестира говорот на омраза кој поединци неретко го користат на социјалните мрежи, но и со законските импликации предвидени за такви случаи. Денешното предавање во Неготино организирано и координирано од Отсекот за превенција на СВР Тетово, беше реализирано на барање од менаџментот на училиштето, а во функција на подигнување на превентивната свест и култура при користење на социјалните мрежи.“, извести портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Повеќе активности со истата цел и содржина годинава беа реализирани со учениците во прва година и од средните училишта во Полошкиот регион, планирани во посебно подготвен проект.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија