fbpx
Поврзи се со нас

Македонија

Предлог на Кризен штаб: Полициски час од 23 ч. – кафеаните да работат до 22.30 ч.

Објавено

на

Главниот координативен кризен штаб предлага да се скрати полицискиот час и да се продолжи времето на работа на угостителските објекти.

Како што пренесува Алсат, кризниот штаб предлага на наредната седница на Владата да се усвои одлука за:

– забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден;

– време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот:

Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година (среда).

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Вработувања Полог:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!