Рецепти
Предлог за летен ручек, ТОП рецепт за жешкото време

Топлото време диктира промени во менито со внесување на полесна храна, помалку маснотии и соодветни намирници. Ви предлагаме рецепт идеален за летен ручек, јадење кое е вкусно и ќе ве засити, а сосема одговара за топлите временски прилики.
Полнети домати со сирење и јајца
Состојки:
10 домати
10 јајца
250 гр. сирење
100 гр. путер
100 мл. кисела павлака
2 чешниња лук
Сол, црн бибер, магданос
Подготовка:
Најпрво на доматите им се отсекува горниот дел и со лажичка внимателно се вади средината. На страна во тава се пропржува сецканиот лук, па му се додава раздробеното сирење, павлаката, сол и бибер. Со оваа смеса се полнат доматите, кои претходно се редат во подмачкано тавче. Потоа одозгора во секој домат се става по едно јајце, цело, неразматено и по малку путер. Вака полнетите домати се печат во загреана рерна околу 20-25 минути на 180-200 степени. Откако ќе бидат готови одозгора се наросува магданосот.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022