Гостивар
Предновогодишна дружба на Општина Гостивар и децата со посебни потреби:Насмевки, музика, пакетчиња…
Во пресрет на Новата година, Општина Гостивар денес организираше дружење и свечен ручек за децата кои го посетуваат Дневниот центар за деца со посебни потреби, двете специјални паралелки од основните училишта „Исмаил Ќемали“ и „Мустафа Кемал Ататурк“, како и децата од Здружението „Заедно можеме“. Настанот се одржа во средношколскиот интернат.
„Традиционално секоја година организираме ваков свечен ручек со децата и нивните родители, да внесеме радост и позитивно расположение, да се дружиме и забавуваме заедно“, рече градоначалникот Арбен Таравари.
Музичкиот дел од свеченоста беше препуштен на пејачите Бетиме Јакупи и Фадби Иљази, а дечињата имаа можност да се забавуваат и со маскотите на омилените ликови од цртаните филмови.
Како што е редот, по повод Новата година им беа поделени новогодишни пакетчиња.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар