Вести
Предновогодишна журка во „Младост“ – КК Гостивар го пречекува Работнички (сабота, 17 часот)
Секој кошаркарски натпревар во Гостивар се следи со огромна страст и внимание, но дуелите како утрешниот, кој е последен од првиот дел од првенството, во трка за самиот врв на табелата, во период на предновогодишна еуфорија се сигурна најава дека најголемата предновогодишна журка ќе биде во Младост, сабота од 17 часот.
Гостува најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички. Клуб за кој не потребно многу да се објаснува. „Центарци“ сезонава играат топло-ладно, но сепак во овој дуел влегуваат како второпласирани на табелата. Имаат скор од 7 победи и 3 порази. Мијатовиќ, Лесколт, Бенџамин, Младеновски, капитенот Николовски се добро познати имиња на кои победата им е секогаш императив.
Првиот дуел помеѓу овие две екипи во Градски парк сезонава е единствениот пораз по кој гостиварци може да жалат, целосно го надиграа противникот во текот на натпреварот, но во последните стотинки шокантно го загубија мечот. „Бело-сините“ со победата минатото коло против ФМП колку-толку ги залечија раните од поразите од Куманово и Пелистер, за целостно враќање на довербата, а и второто место на табелата на КК Гостивар потребна му е победа. После шест недели пауза деновие во гостиварскиот табор се врати и Александар Костоски, но дали ќе истрча на теренот ќе дознаеме во текот на натпреварот.
Ова е последен натпревар во оваа 2019 година во Гостивар, после тоа следи зимската пауза. Навивачите на Гостивар подолг период се подготвуваат за предновогодишниот дуел, најавени се неколку навивачки групи кои заеднички ќе го поддржат Гостивар.
Се разбира, МРТВ нема да пропушти да ја пренесува најголемата кошаркарска предновогошна журка во земјава, „во живо“ од градот на кошарката.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград