Вести
Предновогодишни посети и пакетчиња во Дневниот центар во Гостивар

Традиционално, во деновите пред Новата година, гостиварскиот Дневен центар за деца со попречености го посетуваат претставници на институции, здруженија, организации, граѓани кои сакаат да им го разубават празнувањето на децата што ја посетуваат установата.
Денес децата добија пакетчиња од градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. „Ми беше посебно задоволство што на прагот на новогодишните празници, заедно со моите соработници, споделив радосни мигови со децата и лицата кои најмногу му се радуваат на животот, и покрај тоа што се соочуваат со многубројни предизвици.” рече градоначалникот.
Во посета на Дневниот центар беа и гостиварките од здружението Вешта жена. Тие другаруваа со децата, им приредија забава, ги почестија со слатки специјалитети и поделија пакетчиња. „Со многу љубов и големо задоволство ги дружиме децата секоја година. Сакаме празничните денови да им ги разубавиме со насмевки, децата тоа го заслужуваат“, рекоа вештите жени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?