Гостивар
Предраг Димоски го извади крстот од Вардар во Гостивар на Богојавление-Водици 2025

Најсреќен годинава при обичајот на положување на крстот во водите на Варадр во Гостивар за празникот Водици беше Предраг Димоски.
Од триесетината момчиња меѓу кои беше и шест годишниот Драган Андоновски, Предраг Димоски ја имаше среќата да го извади светиот крст од реката, во рамки на одбележувањето на големиот христијански празник, кој масовно се чествува во Гостивар.
Од верниците, кои и годинава ги имаше во голем број беа упатени честитки и желби за здравје, бериќет и благосостојба. Организациониот одбор му подари икона.
Прославата на празникот започна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад. По богослужбата, литијата тргна од црквата и преку централното градско подрачје се движеше до малиот мост на Вардар, пеејќи ја песната „Во Јордање“.
Таму беше извршен чинот на осветување на водите и положување на светиот крст во реката.
Gostivarpress.mk во текот на денот ќе објави фото и видео репортажа од прославата.
Бог се јави – Навистина се јави!
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо