Гостивар
Предупредувачки штрајк на 2 септември и во училиштата во Гостивар, ако не се исполнат барањата

Неизвесен е стартот на новата учебна година. Синдикатот за образование и наука донесе одлука за предупредувачки штрајк на 2-ри септември. Во меѓувреме, продолжуваат преговорите со Министерството за образование и со Владата за исполнување на барањата за покачување на платите на просветните работници.
„Одлуката што ја донесе Советот на СОНК е предупредувачки штрајк на 2 септември. Даден е рок до 1 септември да бидат прифатени нашите барања, најавените 5% плус не се задоволувачки и бараме поголемо покачување на платите, како и да учествуваме во креирање на буџетот за образование за 2020-та година. Социјален дијалог постои, преговорите продолжуваат. Од министерот за образование добивме ветување дека ќе има дополнителен раст на примањата и се бориме тоа да почне уште од 1 јануари следната година. За сега, одлуката е таа, на 2 септември да не се работи“, изјави за Gostivarpress.mk претседателот на регионалниот синдикат за образование во Гостивар, Тафа Амети.
СОНК смета дека реалното покачување на платите треба да изнесува 20%. Регионалниот синдикат за образование во Гостивар брои околу 1.700 членови од гостиварската општина, како и од Маврово Ростуше и Општина Врапчиште.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите