Вести
Предупредување на ризик од срцев удар и смртни случаи додека топлотниот бран се засилува

Топлотниот бран што ја зафати северната хемисфера допрва ќе се интензивира неделава, што ќе предизвика пораст на температурите во текот на ноќта и ќе доведе до зголемен ризик од срцеви удари и смртни случаи, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО).
„Температурите во Северна Америка, Азија и низ Северна Африка и Медитеранот ќе бидат над 40 степени Целзиусови во поголем број денови оваа недела, бидејќи топлотниот бран ќе се засилува“, се вели во соопштение на СМО.
Минималните температури во текот на ноќта, исто така, ќе достигнат нови рекорди, според СМО, со што се создаваат ризици од зголемени случаи на срцеви удари и смртни случаи.
„Иако најголем дел од вниманието се фокусира на дневните максимални температури, температурите во текот на ноќта се тие што имаат најголеми здравствени ризици, особено за ранливите популации“, велат од СМО.
Џон Наирн, виш советник за екстремна топлина во СМО, кој е истражувач специјализиран за проучување на топлотните бранови, во Женева изјави дека високите температури што Европа ги доживува во моментов сигурно ќе се зголемат.
„Медитеранскиот топлотен бран е голем, но ништо како она што го помина Северна Африка. Во оваа фаза се развива во Европа“, рече тој.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос