Гостивар
Предвелигденски настан за дечињата во Гостивар-Уметност, музика, радост, хуманост…

Големиот христијански празник Велигден носи трепет и среќа во срцата на сите верници, но секако најмногу му се радуваат најмалите. Токму за нивна радост и насмевки, а во духот на хуманоста и солидарноста, денес во Гостивар се одржа изложба на ликовни дела и изработки направени од децата од градинките и основните училишта. Градскиот плоштад беше полн со џагор и смеа, весели детски очи и претпразнична атмосфера.
На паноа и штандови беа изложени цртежи и разни украси со велигденски мотиви кои дечињата со гордост ги претставуваа на минувачите. Настанот се организираше на иницијатива на хуманитарното здружение на граѓани „Д-р Трајче Нешковски“ во соработка со Центарот за култура АСНОМ и Општина Гостивар.
„Целта е да се придонесе за празничната атмосфера, да се мотивираат децата на креативни активности, да цртаат, да изработуваат и при тоа да гсе вклучат во празнувањето. Има многу голем интерес за учество на настанот, дечињата се многу возбудени, со голема радост цртаа и изработуваа украси и навистина имаат направено прекрасни дела. Се надевам дека овој настан ќе прерасне во традиција“, рече Ема Нешковска како дел од организацијата.
Децата на плоштадот имаа можност и да се забавуваат со музика преку настапите на Дорис Димовска, Теодора и Росица Матески, како и да се дружат со маскоти кои ги симболизираат велигденските празнувања-велигденско јајце и зајче.
Сите дела создадени од вредните детски раце ќе бидат подарени за традиционалниот хуманитарен базар кој ќе се одржи утре, на Велики Петок, во црквата Пресвета Богородица.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение