Поврзи се со нас

Вести

Преглед на настани за руско-украинската војна во изминатите 24 часа

Објавено

на

– Украинската војска потврди дека руските падобранци слетале во Харков во обид да го заземат опколениот град, јави Би-Би-Си. Според украинската војска, воздушниот напад започнал токму кога почнале да се огласуваат сирените за воздушен напад во Харков и околниот регион.

– Во најновите борби во Украина, јужниот град Керсон – со население од околу 250 илјади луѓе, според медиумски извештаи паднал во рацете на руските војници, јавува Би-Би-Си, посочувајќи дека се уште нема официјална потврда.

– Претседателот на САД Џо Бајден својот говор за состојбата на нацијата синоќа го започна со остра осуда на рускиот претседател Владимр Путин за неговата воена агресија во Украина и се закани дека ќе го заплени „нечесно“ стекнатото богатство на руските олигарси. – Најавувам дека ќе им се придружиме на нашите сојузници во затворањето на воздушниот простор на САД за сите руски летови, дополнително изолирајќи ја Русија и додавајќи дополнителен притисок врз нивната економија, рече Бајден.

– Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, на вонредната пленарна седница на Европскиот Парламент за Украина порача дека Русија се наоѓа на критичен крстопат, воедно и крај на една ера во нејзините односи со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

–  Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека „продолжува илегалната и неиспровоцирана инвазија на Украина“. Во објава на Твитер тие споделија и мапа на која се прикажани руските позиции и насоки на нападите. „Мапата ги содржи најновите разузнавачки информации за ситуацијата во Украина“, објавија тие на Твитер.

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во видео обраќање до Советот за човекови права на ОН во Женева во вторник го постави прашањето дали Русија заслужува да остане членка на овој совет по нејзината инвазија на Украина.

  Украинските власти денеска соопштија  дека осум лица биле убиени во руски воздушен напад врз станбена зграда во источниот град Харков, каде претходно од руски проектили беше уништена административна зграда. „Како резултат на воздушен напад… осум лица загинаа, а шест се повредени во Харков“, соопшти украинската служба за вонредни состојби.

– Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека продолжува нападот врз Украина. Тој додаде дека најважно беше да се заштити Русија „од воената закана на западните земји, кои се обидуваат да го искористат украинскиот народ во борбата (против Русија)“.

– Францускиот премиер Жан Кастекс, во обраќање пред Парламентот за руската инвазија врз Украина, нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин е „целосно одговорен“ за војната.

– Ситуацијата во Украина може да предизвика најголема бегалска криза во Европа во 21 век со повеќе од 600.000 бегалци за кои се верува дека досега избегале од Украина во соседните земји, соопшти денеска УНХЦР.

– Руските трупи го гранатираа малиот украински град Охтирка, во регионот Суми, од повеќекратните ракетни системи за лансирање Град, при што загинаа повеќе од 70 украински војници. Ова го соопшти шефот на регионалната воена управа на Суми, Дмитро Живицки, во објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.

– Амбасадорот на Украина во Кралството Холандија, Всеволод Ченцов, соопшти дека го доставил барањето на Украина за членство во ЕУ до Филип Леглис Бонс, постојан претставник на Франција во ЕУ, земјата која во овие шест месеци претседава со Советот на ЕУ. „Апликацијата е поднесена. Процесот е почнат“, напиша Ченцов на Твитер.

– Украинската армија соопшти дека соборила неколку руски воени авиони во текот на вчерашниот шести ден од оружените судири. Украинските воздохопловни сили сопштија за уништени пет руски воени авиони и еден хеликоптер, а информацијата ја објави и киевскиот весник „Украинска правда“.

– Руската армија е пред портите на украинскиот град Херсон, на југот на земјата, изјави градоначалникот Игор Коликаев. „На влезовите во Херсон руската армија постави контролни пунктови. Тешко е да се каже како ќе се развива ситуацијата“, напиша Коликаев на Фејсбук.

– Руски конвој долг повеќе од 60 километри е снимен со сателит, јавија американски медиуми. „Драматични сателитски снимки објавени синоќа од Максар Технолоџис (Maxar Technologies) покажуваат огромна колона руски воени возила долга повеќе од 60 километри како се движи по патиштата северозападно од Киев“, јави Си-Ен-Ен.

– Украинската влада соопшти дека од планира да продава обврзници за да ги плати своите вооружени сили додека ја бранат земјата од руската инвазија, јави Би-Би-Си.

– Сите членови на специјалната мониторинг мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) го напуштат украинскиот град Доњецк.

– Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Антон Герашченко соопшти дека руските сили го гранатирале Плоштадот на слободата во центарот на Харков. Државната служба за вонредни ситуации соопшти дека едно лице загинало, а три се повредени во денешното гранатирање на Харков, пренесува Интерфакс Украина.

– Повеќе од 660.000 луѓе ја напуштија Украина откако Русија ја почна инвазијата на таа земја, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

– Руската војска постигна мал напредок кон Киев во изминатите 24 часа поради логистички тешкотии, додека армијата ја зголеми употребата на артилерија северно од главниот град, покажуваат податоците на британското воено разузнавање, пренесува Гардијан.

– Клучниот југоисточен украински град Мариупол на Азовското Море остана без електрична енергија по нападите на руските сили кои напредуваат, изјави денеска шефот на регионот Павло Кириленко. – Мариупол и Волноваха се наши! Двата града се под притисок на непријателот, но тие се држат. Во Мариупол, електричните линии се прекинати и градот е без струја. Двата града се под притисок на непријателот, но тие се држат. Во Мариупол, електричните линии се прекинати и градот е без струја, објави Кириленко на Фејсбук.

– За Русија е неприфатливо да има американско нуклеарно оружје на територијата на некои европски земји. Крајно време е тоа да биде вратено во САД, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Украина им понуди пари на руските војници и им вети имунитет од казна доколку се предадат, објави денеска германската агенција ДПА. „Одлучете. Излезете без оружје, со бело знаме“, објави сношти на Фејсбук министерот за одбрана Олексеј Резников.

– Амбасадорите на ЕУ се согласија да ги исклучат банките ВТБ, Русија и Откритие, како и Novikombank, Promsvyazbank, Sovcombank и VEB.Russia од системот СВИФТ, објави новинската агенција Блумберг, повикувајќи се на договорената листа.

– Конзулатот на Словенија е уништен во вчерашниот ракетен напад на руските сили на Плоштадот Слобода во Харков, објави на Твитер шефот на делегацијата на Европската унија во Украина, Мати Масикас.

– Велика Британија соопшти дека воведува санкции против четворица високи одбранбени фигури во белорускиот режим на Александар Лукашенко поради поддршката на руската инвазија врз Украина. Замрзнат имот и забрана за патување е воведена за Виктор Гулевич, началник на Генералштабот на армијата на Белорусија и прв заменик министер за одбрана.

– Католичката хуманитарна организација Каритас Полска соопшти дека ќе прими 2.000 деца од украинските сиропиталишта. Првата група од 300 деца се очекува да пристигне денеска.

– Русија подготува намерна „провокација“ за да го оправда распоредувањето белоруски сили долж границата со Украина на потегот Пинск-Иванава-Дрогочин, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, повикувајќи се на податоци од Главната разузнавачка агенција.

– Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро му даде „силна поддршка“ на рускиот колега Владимир Путин во вчерашниот телефонски разговор, додека руските трупи продолжуваат со инвазијата врз Украина, соопшти Кремљ.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена