Поврзи се со нас

Живот

Прекрасни места за прошетка во гостиварскиот регион (1)

Објавено

на

 

Море, езеро, плажа се секако најпримамливи места за поминување на летниот одмор. Но, доколку обврските не ви дозволуваат патување и летување во класична смисла на зборот, тоа не значи дека не може да најдете интересни и убави места за посета и прошетка во пошироката околина на Гостивар. Летото без патување на годишен одмор не мора да биде здодевно, напротив може да биде исполнето со прекрасни моменти и авантури.

Вруток

Местото од кадешто извира најголемата река во Македонија е секогаш добра идеја за посета. Блиску е, на само седум километри од Гостивар, а ако сте расположени за поголема физичка активност, за да стигнете до селото, може да ја користите пешачката патека покрај Вардар. Рибници, ресторани, живописна природа, хидроцентрала, изворска вода, гостопримливи домаќини…Причина плус да поминете барем ден ден во Вруток.

Дуфски водопад

Се наоѓа во близина на Ростуше, на половина час од центарот на селото. Вистински избор, доколку сакате да се разладите во топлите летни денови со оглед на тоа што по патеката до него и во околината владее пријатна клима и пониски температури. До водопадот се стигнува по обележана и уредена патека. Самиот водопад, висок 25 метри е глетка која не може да ве остави рамнодушни, а додека се воодушевувате и освежувате може да здивнете на клупите поставени наоколу.

Водопадот Дуф на Ростушка планина е дел од националниот парк „Маврово“ , на надморска височина од над илјада метри.

Горно и Долно Јеловце

Шарпланински села кои вреди да се посетат, заради мирот што таму ќе го најдете, идеални за релаксиран викенд, прошетка со семејството или пријателите… Долно Јеловце се наоѓа на десетина километри од Гостивар, изобилува со природни убавини и  чист планински воздух. Во селото може да се посети манастирскиот комплекс Св. Илија, со можност за ноќевање. Во близина има и чешмиче за кое се верува дека е леково.

Горно Јеловце се наоѓа на 17 километри од Гостивар, близу границата со Албанија и Косово. Таму ќе ве пречека еколошки чиста средина, недопрена природа, жубор на вода и многу зеленило. Може да го посетите манастирчето св „Мина“, на 1.500 метри надморска височина.

(продолжува)

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 59 минути

Таравари: Гостивар треба да биде модел за Северна Македонија за меѓуетничките односи

Македонијапред 2 часа

Пендаровски ги потпиша указите за петте закони за изградба на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 3 часа

Во Градец пуштен во употреба Дневен центар за лица со попреченост

Гостиварпред 4 часа

Нарушен јавен ред и мир во Гостивар на прославата за Ердоган

Македонијапред 5 часа

Бектеши: Нема продолжување на мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи и нема поскапување на струјата

Гостиварпред 5 часа

Реоформен Младинскиот совет во Гостивар

Гостиварпред 6 часа

Тепачка во гостиварска Циглана, приведени неколку лица

Македонијапред 7 часа

УЈП: Рокот за годишните даночни пријави истекува на крајот од овој месец

Македонијапред 8 часа

Одржана 10. државна изложба на македонско овчарско куче караман

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена