Поврзи се со нас

Живот

Прекрасни места за прошетка во гостиварскиот регион (2)

Објавено

на

Во вториот дел на прилогот за локации, села, природни убавини кои може да ги посетите во поширокиот гостиварски регион летово, ви ги предлагаме пештерата Шаркова дупка, пештерата Ѓоновица, археолошки локалитет Ѓоновичко Кале и селото Куново.

 

Пештера „Шаркова дупка“

Многу привлечно место за бегство од летните горештини е пештерата “Шаркова дупка” која се наоѓа кон крајот на селото Маврово и е дел од националниот парк Маврово. Ако се решите да ја посетите, подгответе се дека кога ќе го оставите автомобилот, ќе треба да пропешачите околу десетина минути по изградена патека и скалила. Пештерата се наоѓа на длабочина од дваесетина метри од влезот, широка е околу 18 метри, а долга 25метри. Доживувањето во внатрешноста е интересно и незаборавно искуство за секој што ќе стапне во подземната убавица. Посетителите се спуштаат внатре по железни полукружни скали, кои водат во првата јама (дворана), на околу 20 метри под земјата, каде температурата е под 12  степени. „Шаркова дупка“ изобилува со пештерски накит: сталактити, сталагмити прекриени со корали, сливови драперии и друго. Сепак, треба да знаете и не треба да ве изненади ако наидете на: лилјаци, пајаци, гуштери и разни видови инсекти.

 

Пештера „Ѓоновица“ (Убавица), археолошки локалитет Ѓоновичко Кале

За похрабрите, оние со авантуристички дух ја предлагаме пештерата Ѓоновица (Убавица), сместена на планината Буковиќ, близу селото Горна Ѓоновица. Се вбројува во една од најдолгите пештери во Македонија. Во поголемиот дел на пештерата, со исклучок на околу 100 метри при влезот, присутен е постојан подземен водотек. Во внатрешноста има водопад висок седум метри и интересни комбинации на саливи, сталактити и сталагмити.

Ако не сте до толку трагачи по возбуда, прошетаје до самото село Горна Ѓоновица или до Ѓоновичко Кале. Овој археолошки локалитет се наоѓа на висок рид на патот за Србиново и претставува утврдена населба од римско време. Калето имало функција да ја штити комуникацијата Македонски Брод-Кичево.

Село Куново

Чистиот планински воздух и свежината која секако во овој период недостига во градската средина, ќе ги најдете во селото Куново. Распослано е на падините на Сува Гора на надморска висина од над 950 метри, каде природата била дарежлива со зеленило и ретка убавина. Селото е оддалечено околу 11 километри од Гостивар. Во околината на Куново, на околу еден километар оддалеченост има излетничко место, наречено Мартинец, кадешто се наоѓа и чешма со природна изворска вода.

(продолжува)

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена