Поврзи се со нас

Култура

Премиерата на „Сомнително лице“ во Гостивар со рекордна посетеност

Објавено

на

Преполна сала, воодушевена и насмеана публика, силен аплауз за актерската екипа. Во ваква атмосфера помина синоќешната премиера на „Сомнително лице“ во Гостивар. Младите актери од театар „Дунек“ не се штедеа на сцената и приредија 90 минутно уживање за сите кои дојдоа на премиерната изведба на добро познатата комедија од Бранислав Нушиќ. Во неа, Нушиќ на мајсторски начин ја опишува корумпираноста и самовластието на полицијата во Србија во времето на режимот на Обреновиќ.

Претставата имаше рекордна посетеност, во салата на Центарот за култура беа поставени и дополнителни столчиња, а имаше и публика која на нозе ја изгледа целата комедија.

„Ви благодариме на големата поддршка што ни ја дадовте вечерва, таа многу ни значи. Среќни сме што културниот живот во Гостивар се издигнува и што ве има во толку голем број“, рече на крајот од премиерата, пред публиката режисерот Ѓорѓи Нешкоски.

Улогите во „Сомнително лице“ ги играат: Војкан Михајлоски, Константина Ѓурковиќ, Ивана Мерџаноска, Виктор Анѓелкоски, Давор Ангелов, Драгана Богоеска, Теодора Матеска, Екатерина Тримчевиќ, Ратко Анастасиески, Тома Стојаноски, Јован Бубески и Теодора Волческа.

Културното здружение „Дунек“ ја одржа премиерата во чест на 24 мај, Денот на Светите Кирил и Методиј.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена