Македонија
Премиерот Ковачевски им посака успех на фудбалерите и вети премија од 500.000 евра за настап на Мундијалот

Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер – лет замина за Порто, каде во вторник вечер против домаќинот Португалија ќе го одигра финалето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Фудбалерите и стручниот штаб во авионот ги испрати премиерот Димитар Ковачевски, кој им посака успех и им вети премија во износ од 500.000 евра за пласман на Мундијалот.
-Шампиони, вие за нас секако сте победници и наша гордост. Веруваме во вас и затоа сакам да ви посакам успех на натпреварот со Португалија, а ние како Влада најмалку што можеме да направиме е да ве наградиме со 500.000 евра доколку се пласирате на Светското првенство, изјави Ковачевски.
Македонската репрезентација утре ќе го одржи единствениот тренинг на стадионот „Драгао“, на кој во вторник од 20:45 часот го игра решавачкиот натпревар за историски пласман на Светско првенство.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград