Поврзи се со нас

Македонија

Премиерот најави дека ќе има рокади на попишувачите за граѓаните кои нема да примат невакцинирани попишувачи

Објавено

на

Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека не очекува проблеми со спроведувањето на пописот, а во одговор на новинарско прашање како ќе се решаваат ситуации со оние граѓани кои нема да примат невакцинирани попишувачи, тој најави дека ќе има рокади на попишувачите.

– Ќе се трудиме секојпат со максимална флексибилност. Разговарав со министерот за правда и во една прилика и со директорот на Заводот за статистика каде што секако кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите за да може флексибилно да излеземе пред се во барањата и очекувањата на граѓаните, рече премиерот.

Заев рече дека е мал процентот на ваквите реакции, затоа што и поголем дел од попишувачите се вакцинирани, а, како што рече, и над 50 проценти граѓани над 40 години се исто така вакцинирани.

– И попишувачите се вакцинирани во значителен процент. Мислам дека имајќи во предвид дека пописот се спроведува 20 дена, овој пат е 25 дена имаме дополнителни можности за флексибилно постапување се со конечна цел стопроцентно да ги собереме сите податоци од нашите граѓани, истакна Заев при посетата на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

Пописот ќе почне во недела, на 5-ти септември, и ќе трае до 30-ти септември. До тој ден ќе трае и онлајн пописот на дијаспората што почна на 1 март. До денеска до 7.30 часот во дијаспората се попишани 190.890 граѓани.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена