Поврзи се со нас

Македонија

Препорака за сметководителите: Да се усогласат цените на услугите и платите со растот на трошоците

Објавено

на

Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) донесе одлука да им препорача на сметководствените друштва и самостојните сметководители да ги усогласат цените на услугите што ги даваат кон правните лица, како и на платите на своите вработени, со растот на индексот на трошоци на живот (инфлацијата) и растот на минималната и просечната плата во земјата.

Истовремено, раководниот тим на ИСОС одлучи, од средината на март, односно по завршување на поднесувањето на годишните завршни сметки, да спроведе сеопфатно анкетно истражување помеѓу професионалните сметководители во земјава. Сознанијата што ќе се добијат преку ова истражување, заедно со други релевантни податоци, ќе бидат искористени за да се направи детална анализа на состојбата со цените на сметководствените услуги на пазарот и на платите во овој сектор.

„Оваа анализа ќе биде добра основа за креирање на најсоодветни одржливи решенија и механизми за утврдување на препорачани цени на секоја посебна сметководствена услуга, водејќи сметка за нивото на нивна сложеност. Следниот чекор ќе биде да се пронајде најсоодветниот начин и форма за имплементација на ваквото решение, водејќи сметка за законските надлежности што ги има Институтот“, вели претседателката на ИСОС, Весна Прентоска. „Имајќи ја предвид големата одговорност што ја имаат професионалните сметководители во водењето и евиденцијата на сите финансиски текови, како и поставената цел за натамошно јакнење и унапредување на сметководствената професија во нашата земја, вклучувајќи ја потребата од целосно сузбивање на работењето во т.н. сива зона – појава која сѐ уште е присутна и нанесува штета на целата професија – ИСОС ќе направи сѐ што е потребно и што е во негова моќ да се креира и имплементира ефикасно решение кое ќе овозможи соодветно вреднување на вложениот труд и вредноста на сметководствените услуги во нашата земја“, децидна е претседателката на ИСОС.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена