Поврзи се со нас

Македонија

Препорака за внимателност поради невреме!

Објавено

на

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира и препорачува на граѓаните во земјава да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови. Конкретно, концентарацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме во попладневните и вечерните часови. Таквата прогноза и превентивен апел за внимателност важи и за целата работна недела.

Конкретно, од УХМР известија дека земјава на места ќе биде зафатенa од метеоролошка нестабилност: од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.

Инаку, според најавата, метеоролошката прогноза од УХМР зборува дека во текот на оваа работна седмица ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура до петок ќе биде во опаѓање. Исто така, во Скопската Котлина ќе биде нестабилно метеоролошкото време (освен утре), со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена