Поврзи се со нас

Македонија

Препораките за лекување на ковид пациенти поставени на веб страната на МЗ

Објавено

на

Од вчера на сајтот на Министерството за здравство се достапни препораките за лекување на КОВИД-19, кои се наменети за сите лекари вклучени во лекувањето на пациентите.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски истакна дека со препораките за лекарите достапни на веб страницата на Министерството за здравство, ги прават достапни информациите базирани на докази со цел да овозможат еден поусогласен пристап за сите пациенти со КОВИД -19.

– Препораките кои се достапни на сајтот се четврта или петта верзија на постоечки препораки кои се користеле во минатото, но и претрпувале измени. Оваа верзија која е од септември 2021 година и е четврта или петта верзија ќе претрпува промени, како ќе се менуваат интернационалните научни сознанија ќе се менуваат. Тие се предвидени да бидат водич за сите лекари вклучени во лекувањето и третирањето на ковид пациенти и немаат обврзувачки карактер, но се тука да послужат од едно место да се црпат релевантни информации, за да не доаѓаме во ситуација некој лекар да советува терапија која не е препорачана, тука пред се мислам на ивермектин, рече Петличковски, додавајќи дека за ивермектинот нема научни докази дека тој помага во лекување на Ковид-19.

– Препораките се однесуваат на асимптоматски пациенти, на пациенти со лесна, средно тешка клиничка слика и на хоспитализирани во тешка состојба. Препораките се насочени кон лекарите, не се насочени кон општата популација. Наше е да ги упатиме лекарите кои се вклучени во третман на Ковид-19 каде може да најдат најсоодветни препораки, рече Петличковски.

Во врска со зголемениот број смртни случаи од Ковид-19 во државава, Петличковски рече дека во ниеден контекст не може да каже дека зголемената смртност е резултат на непочитување на протоколи и смета дека таа се должи на нашето запоставено здравје.

– Јас сум убеден дека сите здравствени работници според нивните сознанија најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19. Бројките се високи, да, но редовно ги споредувам со Словенија, со слична структура на населението и таму и во оваа фаза на пандемијата бројките се редовно над 20, рече Петличковски.

Напомена дека постојат и земји во кои има пониски бројки на починати, но тоа се земји со поразлична здравствена култура од нашата.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 минути

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 15 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 16 часа

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 18 часа

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 19 часа

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Граѓаните со истечени документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена