Поврзи се со нас

Гостивар

Прес на СДСМ Гостивар: Платите растат и во криза, блиску сме до ветувањето за просечна плата од 30.000 денари

Објавено

на

На прес конференција што се одржа денес во Гостивар од Општинската организација на СДСМ се осврнаа на владините економски политики, кои, како што подвлекоа покажуваат дека се води грижа за заштита на економскиот стандард на граѓаните и квалитетот на живот воопшто.

„Економските политики кои ги спроведува Владата предводена од СДСМ, а кои се резултат на сериозни и детални анализи во широк консултативен процес и дијалог каде мислењата и предлозите од сите засегнати страни се земаат предвид при носењето на одлуките даваат видливи резултати, така што платите растат многу побрзо и значително, дури и во вакви тешки кризни услови. Овие политики со кои се овозможува поддршка на животниот стандард на сите наши граѓани се особено важни во време на глобална економска и енергетска криза. Со политиките кои ги презема Владата предводена од СДСМ, се забележува континуиран раст на платите во сите сектори, а тоа значи повеќе пари во семејниот буџет на граѓаните. Имено, минималната плата веќе ја покачивме на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога истата изнесуваше едвај 8.800 денари. Со ваквото покачување на минималната плата, над 80.000 работници за својот труд ќе добиваат по 3.000 денари повеќе на нивната сметка почнувајќи од мартовската плата која се исплаќа во месец април. Повисоки плати ќе добиваат и работниците кои досега земале плати по 16 и 17.000 денари.“, истакна претседателот на гостиварските социјал-демократи, Игор Велjаноски додавајќи дека едно од најважните изборни ветувања, просечна плата од 30.000 денари, е блиску до исполнување, со тоа што во јануари 2022 година просечната плата изнесува 29.980 денари.

„Ова се реални, видливи податоци кои ја потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ. Покрај покачувањето на платите и пензиите, пример за тоа е и пакетот антикризни мерки од 400 милиони евра со кои меѓудругото се предвидува намалување на повластена стапка на ДДВ за основните производи за исхрана од 5% на 0%, замрзнување на маржите на основни производи за исхрана, субвенции/Ваучери за најранливите категории на граѓани за основни производи за исхрана, субвенции за пензионерите, намалување на акциза врз основа на берзанските цени, финансиска поддршка преку директно кредитирање од Развојна банка на РСМ на компаниите…Ова се само дел од антикризните мерки со кои во услови на глобална економска и енергетска криза им се помага и на граѓаните, но и на компаниите.“, рече Велјаноски.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 2 недели

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 1 недела

Филмско разбојништво во атар на Чегране, украдени над 500 кг. марихуана од фабрика за канабис

Гостиварпред 2 недели

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 3 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 2 недели

Лишен од слобода 51-годишен гостиварец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка

Гостиварпред 2 недели

Заврши доказната постапка за „Ласкарци“

Гостиварпред 4 недели

Гостиварец измамен од „бизнисмен“ од Скопје за 2000 евра

Гостиварпред 3 недели

Тамара Грујеска во пресрет на Јуниорски Евросонг: Со нетрпение го чекам настапот во Ница, ќе дадам максимум од себе

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 6 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена