Вести Гостивар
Прес на СДСМ Гостивар: Растат платите за кадарот кој се грижи за нашите деца

Општинската организација на СДСМ во Гостивар на прес конференција го претстави новиот систем на плати за вработените во детските градинки, со кој платите ќе достигнат зголемување од 21%.
„Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат подобар живот и повеќе пари за граѓаните. Кадарот во градинките, заслужен за грижата на нашите деца, кои се иднината на нашата држава, добија драстично зголемување на платите. Почнувајќи од јунската плата којашто на поголемиот дел од вработените веќе им е исплатена, стручниот кадар доби зголемување во просек од 16% што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен. Во септември годинава вработените во детската заштита ќе добијат и уште едно зголемување од 5%. Со тоа вработените во детските градинки во Република Северна Македонија добиваат покачување на платите за 21%, коешто е најголемо до сега“, рече Соња Дамјановска, претседател на Клуб на жени на СДСМ во Гостивар.
Дамјановска нагласи дека со зголемувањето на платите се опфатени воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници-педагог, психолог, логопед, дефектолог и други за вршење на работи поврзани со дејноста згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст и дека истовремено се зголемуваат и платите на помошно техничкиот пероснал во градинките, кое покачување е утврдено со колективниот договор.
Во детските градинки во Гостивар има вкупно 97 вработени, од кои 77 се стручен кадар и 20 технички персонал.
„Со зголемувањето на платите, но и со проширувањето на капацитетите на градинките и јакнењето на професионалните компетенции го враќаме достоинството на професијата воспитувач којашто беше заборавена години наназад“, беше речено на прес конференцијата на ОО СДСМ Гостивар.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја