Поврзи се со нас

Вести

Прес на Таравари: Трагедијата со девојчето не е предизвикана од небрежност

Објавено

на

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска одржа прес конференција на која рече дека несреќниот случај во кој животот го загуби 17-годишно девојче, не е предизвикан од никаква небрежност.

„Според полицискиот извештај појаснето е зошто се случи несреќата, се што проилезе од гласините не е точно. Вистината е најтешка, тоа е нејзината загуба. На семејството Меџити и нам ни е јасно што се случи, знеме дека е несреќа што не е предизвикана од никаква небрежност, туку судбина која се поигрува со вакви трагедии. Секој новинар, граѓанин, политички аналитичар или криминалец е слободен да оди и подетално да се информира во полицијата за тоа што се случило“, рече градоначалникот.

Ние како општина за една година имаме преземено конкретни и сериозни чекори за решавање на проблемот со бездомните кучиња, но законите и бирократските процедури не ни овозможија поголема ефикасност.

„Состојбата е таква што е невозможно да се реши ваков проблем за една година. Од минатата власт наследивме едно расипано комбе и еден човек и хаос по улиците. Во меѓувреме создадовме служба и две екипи, прифатлиште кое пред пет месеци е комплетирано. Тоа е со дваесетина боксови и услови за прифаќање на животни. Не е во функција, бидејќи процедурите се заглавени во бирократските лавиринти, на управи одбори, комисии и не можеме да добиеме дозвола за работа“, рече Таравари

Градоначалникот Таравари на прес конференцијата уште еднаш упати апел со кој бара, трагичниот настан од пред два дена да не се користити во политички пресметки.

„И покрај гневот акумулиран овие денови јас и мојот тим нема да паднеме на ниво на посмртни кампањи, ќе ја сочуваме почитта кон споменот за ова девојче и за семејството Меџити“, рече Таравари.

Градоначалникот претходно им се извини на медиумите што доцни 15 минути на прес конференцијата. Како што рече тој родителот на починатото 17-годишно девојче било планирано да присуствува на пресот, но три часа бил задржан во полиција.

„Сигурно нема лоши намери, се работи на истражните мерки“, нагласи Таравари.

Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари нагласи дека се разгледува коритото по течението на реката Вардар, се вршат анализи барајќи најсодветено решение за подигање на безбедноста. Градоначалникот ја поздрави изјавата на премиерот Зоран Заев во која се најавија измени на актуелните закони, бидејќи се премногу комплицирани, а премиерот најави и нова регулатива за функционирањето на шелтер центрите.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 2 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 21 час

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена