Поврзи се со нас

Гостивар

Прес СДСМ: Тандемот АА-ВМРО ДПМНЕ во Гостивар не сработи ништо во првите 6 месеци мандат

Објавено

на

Општинската организаицја на СДСМ во Гостивар попладнево на прес конференција упати критики кон актуелната локална власт и коалициониот партнер ВМРО ДПМНЕ за првите шест месеци од мандатот, нагласувајќи дека не се реализирани ветените проекти.

„Како што и самите претставници од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Гостивар, во предизборниот период кажуваа дека нивната програма е во целост усогласена со програмата на тогаш кандидат, а сега градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари, денес, со полно право можеме да кажеме дека тандемот Алијанса за Албанците-Вмро Дпмне кој владее во општина Гостивар, во првите шест месеци не сработи речиси ништо за општината, ниту за граѓаните. Во првите шест месеци локална власт, немаат речиси ниту еден проект, ниту едно исполнето ветување. Првите 6 месеци од мандатот на овој тандем се загубени месеци. Денес, во општина Гостивар не можеме да видиме ниту една реконструирана улица, а уште помалку реконструкција на улицата Беличица, како една од главните и најфреквентни улици во градот, а која беше најавувана како еден од главните 10 проекти на општината. Не можеме да видиме ниту отпочната постапка за отворање на улицата која ги поврзува булеварот Браќа Ѓиноски и улицата кај училиштето Гоце Делчев, а притоа да напоменам дека има делови од булеварот Браќа Ѓиноски кои се уште се неасфалтирани, калливи и со дупки, иако се работи за најголем булевар во централното градско подрачје. На повидок нема ниту отпочнување на проект за изградба на кружен тек за олеснување на сообраќајот на влезот во градот Гостивар, иако улиците се руинирани и ни оддалеку не личат на улици за влез во град каков што е Гостивар.“, истакна меѓу другото, Ема Нешковска од СДСМ, воедно и член на гостиварскиот Совет.

На прес конференцијата на СДСМ во Гостивар беа споменати и неколку проекти за млади, кои, како што беше речено, останале неисполнето ветување.

„Нема ништо ниту од најавите за библиотека во градскиот парк како проект во интерес на младите, ниту аква парк по европски стандарди, ниту музејски комплекс преку кој ќе се истакнуваат трите етнички припадости како што беше ветувано. Не е започнато ниту со реновирање на градскиот стадион, ниту со изградба и отварање на тениско игралиште. Нема ништо од детското игралиште веднаш до автобуската станица, велосипедски патеки и паркинг места. Во овој контекст, само да напоменам дека Гостивар е сеуште град без ниту една велосипедска патека по фреквентните улици низ централното градско подрачје. За жал, иако општината се декларира како пријател и сојузник на младите, сеуштенема назначено службеникза млади, а нема ниту канцеларија за млади, иако на тоа е законски обврзана согласно Законот за младинско учество и младински политики и истото во неколку наврати е од нас побарано. Неисполнувањето на ниту еден од клучните проекти од Програмата за општина Гостивар, говори дека тандемот Алијанса-ДPMNE не прави ништо во корист на граѓаните. Граѓаните на дело ја гледаат неработата на овој тандем. И ова не се случува само во нашиот град. Ваква е сликата во сите градови каде што градоначалниците се од редовите на Вмро Дпмне. Затоа Мицкоски се заканува со блокади и зборува за предвремени парламентарни избори во време на најголема економска и енергетска криза.“, рече Нешковска.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 4 часа

Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари

Македонијапред 6 часа

Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики

Светпред 8 часа

Вашингтон се подготвува за „најстудената инаугурација“ во последните 40 години

Спортпред 9 часа

Македонија против Холандија вечерва во 2. коло од Светското првенство во ракомет

Гостиварпред 9 часа

Викенд временска прогноза

Здравје и убавинапред 10 часа

Која храна треба да се внесува, а која треба да се избегнува за време на настинка?

Занимливостипред 1 ден

Ова е Европскиот автомобил на годината

Македонијапред 1 ден

Вработените во инспекторатите не зеле декемвриска плата, протестот организиран од УПОЗ продолжува

Гостиварпред 1 ден

За еден ден 100 пријавени за вадење на светиот крст од Радика, Бигорски го објави редоследот на богослужбите за Водици

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Македонијапред 4 недели

Метео предупредување-Денови со снег, дожд и силен ветер

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена