Поврзи се со нас

Гостивар

Прес во АА: ДУИ ја започна валканата кампања, политичка одмазда врз државни службеници

Објавено

на

Граѓани вработени во разни служби во администрацијата во пресрет на локалните избори се почесто пријавуваат до нас случаи на вршење притисок, мобинг и политичка одмазда од страната на централната власт, изјави денес на прес конференција во седиштето на Алијанса за Албанците во Гостивар, генералниот секретар на партијата и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари.

„Алијанса за Албаницте изминатите денови доби многу пријави од граѓани вработени во разни државни органи и институции за вршење притисок, мобинг и политичка одмазда од страната на централната власт. Ова покажува дека, како што прават секој изборен циклус, така е и сега. ДУИ ја започна својата предизборна валкана кампања. Оваа кампања ги чини многу државните служеници кои не ги делат истите политички ставови со владеачките партии. Беким Афузи, вработен во Царинската управа, јавно ги искажа своите ставови кои не се исти као на ДУИ и за тоа беше деградиран.“, рече Таравари.

Тој подвлече дека граѓаните се огорчени и разочарани од политиката на власта. „Целта на оваа политика, која и не заслужува да се нарече политика е да се сокријат нивните неуспеси на локално ниво и на централно ниво. Нивните неисполнети ветувања и лаги. Ги уверуваме граѓаните дека сме тука за нив и ќе бидеме секогаш до нив, да ги прекинеме притисоците за работно место. Гласот на секој граѓанин е подеднакво вреден и моќен. Крајот се приближува и граѓаните знаат да направат разлика. Ја повикувам коалицијата ДУИ и СДСМ да се откажат од диктаторските и криминални методи со кои до сега остваруваа победи на избори“, рече Таравари.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена