Гостивар
Прес во Општина Гостивар: Недостигот на учебници е вознемирувачки, Министерството да преземе мерки

Недостигот на учебници во основните и во средните училишта е загрижувачки и Министерството итно мора да преземе мерки, потенцираа денес на прес конференција од Секторот за образование на Општина Гостивар.
Според нивните податоци, во основните училишта на територијата на гостиварската општина, недостигаат 9.506 книги по сите предмети и одделенија, додека во средните бројката достигнува над 11.000.
„Иако поминаа речиси месец и половина, недостигот на книги кај сите етникуми: Албанците, Македонците, Турците и други, е многу голем. На пример, сериозен недостиг на книги има во 6-то одделение, дури 3.838 книги. Податоците од средните училишта исто така, се доста вознемирувачки. Во средното медицинско училиште недостасуваат 8.610 учебници, а во техничкото 2.453. Од ваквата ситуација најмногу губат учениците, затоа наша цел е да ја информираме јавноста и да побараме од Министерството за образование да преземе конкретни мерки“, изјави Имерлие Салиу, од Секторот за образование.
Општинскиот Сектор за образование испратил и официјален допис до Министерството, со барање да се реши проблемот кој им попречува на децата во совладување на наставните содржини.
Инаку, денешниот прес беше во склоп на општинските активности за одбележување на Денот на албанскиот учител. По повод 7 Март, на ученици кои беа избрани како најдобри на литературен конкурс, градоначалникот Арбен Таравари им додели ваучери, а ќе биде организиран и заеднички ручек со пензионирани наставници.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар