Поврзи се со нас

Македонија

Прескап живот, 48.234 денари само за основни потреби-предупредува ССМ

Објавено

на

Сојузот на синдикатите на Македонија укажува дека животот на македонскиот работник и граѓанин станува прескап и дека се повеќе работници работат, а се сиромашни и не можат да си ги овозможат ниту основните прехранбени продукти за прехранување на нивното семејство.

Последните податоци од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека во август на едно четиричлено семејнство кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил само за овозможување на основните продукти за живот му биле потребни 41.295 денари, а кога истата ќе се зголеми за 16.8% инфлација или 6.937 изнесува 48.234 денари.

Во пресметката не е ставен трошокот за еден ученик за набавка на потребните материјали за почетокот на учебната година кои според пресметките на ССМ изнесуваат околу дополнителни 6.000 денари.

„Додека Владата гледа розов свет околу себе и се занимава со прослави, сиромаштијата тропа на вратата на работниците и граѓаните во Македонија. Според податоците, само за храна и пијалоци во која се вклучени 63 производи, кои не ги изразуваат целосните потреби за исхрана, туку ги изразуваат можностите, навиките и традицијата во исхраната, а вредноста на истите не се зема како просечна, туку како минимална вредност, биле потребни 18.324 денари или за 324 денари повеќе од минималната плата. Домувањето има две подгрупи: комунални трошоци, со пет елементи, и покуќнина, опрема за куќа и одржување, што ќе се следи преку 13 добра и за овозможување на истото биле потребни 12.493 денари. Хигиената има две подгрупи – личната хигиена со седум производи и хигиената на домот, исто со седум производи. Овие ставки се искажани по минимум количини по најниски цени и за истото биле потребни 2.808 денари. За превозот се вклучени минимални изразени трошоци, односно два месечни билети за превоз, работнички и ученички или студентски и се потребни 3.600 денари.’, стои во соопштението на ССМ од каде напоменуваат дека во пресметката не се вклучени трошоците за рекреација, образование, хотели и ресторани, семејни прослави, појаснувајќи дека тоа не е не затоа што не се потребни, туку затоа што во кошницата се пресметуваат само неопходните трошоци, па доколку се пресметуваат и овие трошоци вредноста на истата би била многу повисока.

„Ако овие податоци не се доволни за некој од креаторите на политиките веднаш да преземе мерки за помош и поддршка на работниците во овие моменти, гладни и сиромашни работници = социјалната револуција.“, предупредува ССМ.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена