Гостивар
Пресметајте колку данок треба да платите за увоз на возило

Со воведувањето на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила, од страна на Владата, од 1 јануари 2020 година, возилата се даночат според еколошката категорија.
За возила до 10.000 евра вредност, износот на данок ќе се пресметува само според емисијата на CО2. Разликата во еколошката категорија на возилата ќе се отслика во висината на данокот и кога станува збор за возила со дизел и бензински мотори.
За таа намена македонската царинска управа воведе он-лајн калкулатор кој треба да ја олесни процедурата и прецизно одреди колку би изнесувал данокот на моторно возило кое имате намера да го увезете.
Сепак, на веб страната каде е претставен калкулаторот од царинската управа информираат дека калкулаторот треба да се користи како консултациски податок.
„Калкулаторот е индикативен и можете да го користите само како консултациски податок. Точните износи се утврдуваат во постапка на увозно царинење на возилото, бидејќи зависат од повеќе фактори при увоз, како потекло на возилото, тарифен број и распоредување на возилото, вид на возило и сл.“, стои во објаснувањето.
Колку би чинел данокот за увоз на вашето посакувано возило, може да пресметате ТУКА.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар