Македонија
Престрелка во Тетово, пукале со калашникови од возила
Тројца приведени и искршени стакла на локали е епилогот на престрелката која се случила вчера околу 21.30 часот во Тетово. Според очевидци, се пукало со автоматско оружје од возила во движење. Покрај приведените се бараат и други лица за целосно расчистување на случајот, велат официјално од Министерството за внатрешни работи. Меѓу приведените се лица со иницијали Б.Д. и Д.М, како и 28-годишен жител на село Шипковица со иницијали Р.Џ.
„На 30.11.2018 година во 21.07 часот во СВР Тетово било пријавено дека во близина угостителски објект на улица „Маршал Тито“ неколку непознати лица од огнено оружје испукале куршуми. Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека по претходна расправија во казино помеѓу Н.М.(34) од една страна и Д.М.(43) од село Лавце и Б.Д.(43) од Тетово, од друга страна, тие излегле надвор на улицата, по што биле испукани куршумите. Повредени лица нема. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди