Поврзи се со нас

Деца Родители

Престрогото родителство ѝ штети на младата личност во развој

Објавено

на

    Родителите често веруваат дека ограничувањето на излегувањата и поставувањето строги правила ги штити децата од опасност, но прекумерната контрола може да доведе до проблеми во развојот на самодовербата, социјалните вештини и донесувањето одлуки.

    Имено, кај децата кои растат во премногу строги семејства, каде што правилата се „драконски“ и нема никаков простор за „преговарање“ и попуштање, честопати се развива анксиозност и ниска самодоверба. А пак, децата израснати во средина со поголема самостојност за одлуките, желбите и поотворена комуникација, имаат подобри социјални вештини и поголемо чувство за одговорност. Адолесцентите кои имаат поголема слобода во донесувањето одлуки, подоцна покажуваат повисоко ниво на зрелост и емоционално прилагодување.

    Освен тоа, престрого контролираните деца често стануваат побунтовни или кријат информации од своите родители, наместо отворено да комуницираат со нив.

    Умерено строгото (авторитетно, а не „авторитарно“) родителство, коешто е спој од јасни правила, смирен, топол тон и флексибилност, се смета за најздраво за развојот на детето, советуваат стручњаците. Исто така, дружењето со врсниците е клучен дел од растењето, а социјалната интеракција овозможува да се развијат комуникациски вештини, емпатија кон другите луѓе и чувство на припадност.

    Кога децата се премногу ограничени, тие може да се почувствуваат изолирани, што доведува до социјална несигурност и проблеми со менталното здравје. Поставувањето пофлексибилни правила, како што е согласноста за враќање дома подоцна, наместо строга забрана, поттикнува одговорност. Децата кои имаат доверба во родителите честопати се поодговорни, бидејќи не чувствуваат потреба се кријат, да бегаат или да се бунтуваат.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена