Занимливости
Пресушија Викториините водопади
Викториините водопади се меѓу најубавите водопади на светот и се наоѓаат на Замбези, граничната река помеѓу Замбија и Зимбабве.
Водопадите се широки над 1,5 км со пад до 128 метри. Овие водопади ги открил шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон во 1855 година и го добиле името по кралицата Викторија, иако локалното име за овие водопади е Чадот што грми.
Викториините водопади имаат статус на светско наследство и се под заштита на УНЕСКО. Сега светот е потресен од сликите на исушените водопади каде само еден дел од млазот тече по падината, додека поголемиот дел целосно е исушен. Водостојот на реката Замбези е спуштено толку многу што не може да стигне до самата карпа, пренесува Гардијан.
Експертите велат дека климатските промени може да бидат причина, а локалното население стравува бидејќи никој не помни вакво нешто изминативе 100 години.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград