Гостивар
Претрес во гостиварско, пронајдени автоматски пушки, муниција…
Денеска (01.02.2024) од страна на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај Е.Ф. (23) во с. Ломница поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од КЗ.
При претресот од лицето С.Ф. (татко на Е.Ф.) пронајдени и одземени се две автоматски пушки, четири рамки за автоматски пушки, 231 куршум за автоматска пушка и 20 патрони за ловна пушка, информира МВР.
Лицата се лишени од слобода во ПС Гостивар, извршен е службен разговор во кој С.Ф. појаснил дека пронајденото оружје и муниција се негови и по извршеното вештачење, во консултација со Јавниот обвинител од ОЈО Гостивар, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград