Поврзи се со нас

Гостивар

Претрес во објект за одгледување канабис во Гостивар – одземени количества, двајца приведени

Објавено

на

    На 10.04.2025, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во содејство со Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, по претходно добиена наредба од Основен суд Гостивар, извршиле претрес и вонредна контрола во правно лице кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, сопственост на А.К.(52) од Република Албанија и А.Р. од Босна и Херцеговина.

    Претресот и контролата во објектот биле извршени во присуство на едниот сопственик и управител А.К. и вработениот Џ.И.(39) од Република Словенија, со постојано живеалиште во с.Горно Седларце, тетовско и притоа биле утврдени низа неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги, поради што постои сомнение дека производството на канабис било наменето за нелегалниот пазар, информираат од полицијата.

    Исто така, било утврдено дека во две хали се врши сушење на канабис, при што во една од халите се пронајдени девет пластични буриња исполнети со готов производ – сув цвет од канабис, за кои правното лице не поседува никаква документација.

    По насоки од јавен обвинител од ОЈО Гостивар пронајдениот канабис (растенијата и сувиот цвет) е одземен и предаден во Агенција за управување со одземен имот, додека сопственикот А.К. и вработениот Џ.И се лишени од слобода. По комплетирање на целокупната документација, денеска од страна на ОВР Гостивар ќе им биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-в од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена