Гостивар
Претседателот на Апелација во Гостивар Мехмеди, номиниран за член на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители

На седницата одржана на 24 ноември, Судскиот совет, како што информира денеска, донел одлука со која за вршител на должноста претседател на Апелационен суд Скопје е определена Лидија Димчевска, судија на Апелационен суд Скопје.
Како втора точка на истата седница, Судскиот совет донел неколку одлуки за членови на Управниот одбор и на Комисијата за приемен испит при Академијата за судии и јавни обвинители.
За членови на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет ги номинирал Зоран Герасимовски, член на Судскиот совет на РСМ и Беким Мехмеди – претседател/судија на Апелационен суд Гостивар. За заменик член номинирани се Анита Данилова- судија на Виш управен суд и Васка Николовска Масевска – судија на Основен кривичен суд Скопје.
Судскиот совет, исто така, донел одлука за член на Комисија за приемен испит при Академијата за судии и јавни обвинители да го номинира Александар Чичаковски-судија на Управен суд, а за заменик член номинирана е Елизабета Васкова – судија на Управен суд.
Седницата ќе продолжи утре (29 ноември)
Според Законот за Судски совет, советот е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, тројца членови ги избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и двајца членови предлага Претседателот, а изборот го врши Собранието. По функција членови на Советот се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда.
Претседател на Судскиот совет, од април 2021 година, е Павлина Црвенковска.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година