Поврзи се со нас

Гостивар

Претседателот на Собранието на Турција Мустафа Шентоп во посета на Врапчиште

Објавено

на

Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп вчера беше во посета на Општина Врапчиште, каде оствари средба со градоначалникот Исен Шабани и учествуваше на пригодна церемонија на доделување донации, обезбедени од Унијата на општини на Турција.

Врапчиште доби багер, додека Општина Маврово-Ростуше, камион за смет.

„Турција секогаш се обидува, да им помогне на сите луѓе од овие простори, независно од нивната вера и етничко потекло. Се подразбира дека особено внимание им обраќаме на нашите сонародници. Ние постојано во мислите и со душата сме тука, живееме со нашите браќа тука и со сеќавањата од овие простори “, изјави Шентоп.

Заедно со првиот човек на турскиот парламент, во Врапчиште беше и Амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара.

Градоначалниците на општините кои добија донации, Шабани и Медат Куртовски се заблагодарија за помошта од Турција, истакнувајќи дека добрата соработка и меѓусебни реалции ќе продолжат и во иднина.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена