Поврзи се со нас

Гостивар

Претстава работена според вистински приказни „Види летам!“ утре во Гостивар

Објавено

на

Гостиварци утре, 18-ти јуни, ќе имаат можност да проследат театарска претстава правена по вистински приказни на лица бегалци, баратели на азил и лица без државјанство, под наслов „Види, летам!“ во продукција на Вондрленд Театар.

Овие луѓе на посебни работилници водени од тимот на претставата, храбро ги споделија своите животни искуства со актерите, авторот и режисерот. Нивните идентитети во текот на целиот процес остануваат заштитени и анонимни. Раскажаните приказни авторот на претставата Ана Ристовска Трпеноска ги преточи во емотивен текст кој што говори за трауматичните настани низ кои овие лица поминувале но и за нивните детства, соништа, емотивни потреби, љубовни искуства и потребата да бидат дел од задницата која често ги отфрла. Со доближување на овие важни човечки приказни, продукцијата има за цел да поттикне подлабоко разбирање и поврзување во нашата заедница.
Проектот е во режија на Ивана Ангеловска, а под креативно водство на уметничкиот координатор Нела Витошевиќ. Во претставата играат актерите Никола Настоски, Исмет Шабановиќ, Ана Димитрова, Леонардо Лазов и Сара Спиркоска.


Вондерленд театар е независна театарска продукција со седиште во Скопје. Главните цели на продукцијата поткревање на свеста а потребата од културна и општествена промена како и внесување свежина на независната уметничка сцена, експериментирајќи со алтернативни места и виртуелен простор.

Претставата се игра во рамки на одбележување на Светкиот ден на бегалцитe – 20-ти јуни, а проектот е поддржан од УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци во соработка со Младински Образовен Форум (МОФ) и Вондерленд театар.
Претставата утре ќе се одржи на сцената на Центарот за култура во Гостивар, со почеток од 20 часот.  Влезот е слободен.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

сите дневни вести на Телеграм:

Гостиварпред 3 недели

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Гостиварпред 4 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Македонијапред 1 недела

Денес се слави Петровден

Регионпред 4 недели

Во Црна Гора се отвора првата плажа за жени со хиџаб

Гостиварпред 1 недела

Викендов 61 издание на Галичка свадба

Гостиварпред 3 недели

Трагедија во Маврови Анови: Починал малолетник откако врз него паднал бојлер

Гостиварпред 3 недели

Повеќе здравствени установи со нови в.д. директори, Танер Хасан на чело на Клиниката за ендокринологија

Гостиварпред 3 недели

Разрешен директорот на болницата во Гостивар, кој ќе биде назначен за в.д.?

Македонијапред 3 недели

МојДДВ продолжува со примена, за Граѓанскaта обврзница ќе треба да се врати довербата во системот-рече Димитриеска-Кочоска

Гостиварпред 4 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 7 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 8 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 8 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 11 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 11 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 12 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Огласи за работа:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена