Поврзи се со нас

Гостивар

Претставена програмата и младенците на Галичка свадба 2021

Објавено

на

Галичник викендов ќе биде домаќин на традиционалната и наделеку позната манифестација Галичка свадба. Програмата, како и овогодинешните младенци Катерина Илиевска и Филип Бундески официјално беа претставени денес на прес конференција.

„Чест ми е што сум галичка невеста, што сум дел од оваа традиција. Галичката свадба е една од најавтентичните на Балканот и пошироко, ќе ги испочитуваме нашите предци и нашата традиција и сигурно убаво ќе си поминеме сите викендов во Галичник“, реше невестата Катерина.

Зетот Филип има галичко потекло и на манифестацијата до сега учествувал повеќепати во разни улоги.

„Чувството е неопислвио да се биде дел од оваа богата традиција, одговорноста е голема, да се испочитува се она што ни го оставиле нашите предци. Повеќе години сум учествувал во различни улоги, како статист, коњаник, а една година и стар побратим и се‘ повеќе се гледав како зет на Галичка свадба. Кога работите меѓу мене и Катерина станаа сериозни, видов дека и таа има желба да биде галичка невеста и се согласивме дека ова мора да го направиме.“, рече младоженецот.

Среќа на младенците им посака министерката за култура Ирена Стефоска, која нагласи дека Министерството останува силен поддржувач и промотор на Галичката свадба. Манифестацијата започнува во петок навечер (16 јули) со концерт на групата „Љубојна“ на платото пред чешмата Упија, а настап ќе имаат и групите „Тоа е тоа“ и „БендОфф“.

За време на викендов во Галичник ќе има посебен режим на сообраќај и правила за одлагање на отпадот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена