Поврзи се со нас

Македонија

Претставени предлог-новините во основното образование: Помалку часови, без работни саботи, напредни наставни планови за талентираните ученици …

Објавено

на

Ќе се скрати времето кое основците го поминуваат во училиште, ќе се намали бројот на ученици во паралелките, ќе се укинат работните саботи, наставниците ќе имаат платени неработни денови за време зимскиот распуст, а училиштата ќе бидат обврзани да спроведуваат Програми за заштита од насилство и дискриминација. Ова се дел од предложените измени во новиот предлог-Закон за основно образование, кој денес пред јавноста го претстави министерката Рената Дескоска.

„Бројот на наставни денови нема да биде фиксно утврден, со цел да се избегне одработување на часови во саботите за кои искуството покажува дека не се ефективни денови за настава. Најмалку половина од траењето на зимскиот распуст на учениците за наставниците, ќе бидат платени неработни денови. Со законот ќе се утврдува максималниот број на часови на учениците и тоа за учениците од 1 до 3 одделение најмногу до 20 наставни часа неделно, од 4 до 6 одделение најмногу до 25 часа, од 7 до 9 најмногу до 30 наставни часа неделно“, нагласи Дескоска.

Основните училиштата ќе имаат обврска да спроведуваат Програма за заштита од насилство и  дискриминација и во таа насока родителите на учениците кои ќе користат говор на омраза ќе посетуваат посебно советување. За талентираните ученици е предвидена можност за развој и успеси по специјален напреден образовен план скроен според нивните способности.

Министерството ќе прима забелешки, коментари и мислења за предлог-законот во рок од еден месец. Новиот Закон најверојатно ќе биде донесен пред септември, односно пред почетокот на следната учебна година.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена