Рецепти
Преубав е и сите ќе го обожаваат – Солен колач со домати и маслинки

Ако сакате да подготвите вкусен појадок или вечера кој сите ќе го обожаваат, овој рецепт сигурно ќе ве израдува. Солениот колач со домати и маслинки е интересна комбинација на вкусови, има едноставен начин на подготовка и содржи намирници кои може да се рече дека се наоѓаат во кујната во секое време.
состојки:
250 гр. брашно
2 домати средна големина
150 гр. сирење
50 гр. маслинки
4 јајца
100 мл.млеко
сув квасец
сол, бибер, босилек
100 мл.масло
подготовка: Најпрво исечете ги доматите на половина, посолете ги и ставете во тава на хартија за печење да се потпечат, околу 20 минути на 100 степени. Откако ќе се потпечат исецкајте ги на ситни парчиња. Измешајте го брашното со квасецот.
Во друг сад изматете ги јајцата со малку сол, бибер, масло и млеко. Потоа оваа смеса додајте ја со брашното и измешајте.
Откако добр ќе измешате додадете ги маслинките ситно исецкани, доматите, сирењето (раздробено или изрендано) и босилекот. Измечајте убаво и смесата ставете ја во подлабока тава или калап за печење. Питата се пече на 180 степени околу 45 минути.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош