Гостивар
Превентивна акција на полицијата во Гостивар за поголема безбедност на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите

Денеска во Гостивар беше организирана акција во рамките на новиот превентивен проект на СВР Тетово, “Поголема безбедност на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите и лицата што управуват електрични тротинети“ во чии рамки граѓаните беа запознавани со законските прописи и измени на Законот на безбедност на сообраќајот на патишта.
На активноста, чиј носител е Отсекот на превенција на СВР Тетово, присутните пешаци, велосипедисти, мотоциклисти и лица што управуваат тротинети поблиску беа запознати со најновите измени на законската регулатива кои се однесуваат на оваа категорија учесници во собраќајот. Покрај тоа, им беа поделени и наменски изработени летоци.
Ваква средба пред 20-тина дена беше организирана и во Тетово. Дел од проектот, исто така, ќе биде и организирање на сообраќајни поуки со кои ќе бидат опфатени сторители на прекршоци од овие категории.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година