Гостивар
Превентивни активности во Гостивар за побезбеден превоз на учениците
Во организација на гостиварското Одделение за внатрешни работи и Отсекот за превенција на СВР Тетово денеска (31 јануари) во Гостивар се спроведоа контролни превентивни активности со кои беа опфатени 20-тина автобуси и комбиња со кои се превезуваат учениците од четирите гостиварски средни училишта.
Се проверуваше техничката и друга исправност на возилата, а се остварија и повеќе непосредни разговори со учениците.
„Во нив, полициските службеници посебно ги запознаа учениците со законските импликации доколку се однесуваат девијантно во и надвор од училиштата и посебно доколку иницираат или учествуваат во нарушувања на јавниот ред и мир. На учениците, исто така, поблиску им беа објаснети и негативните лични и општествени последици од зависностите, предизвикување инциденти или користење говор на омраза во непосредна или комуникација на социјалните мрежи.“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Целта на овие активности кои минатата недела беа спроведени и во Тетово е да се придонесе за поголема безбедност на учениците во возилата во кои се превезуваат, на училиште или надвор од училиштата, а се планира да продолжат и во наредниот период.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград