Македонија
Преземањето на Благодатниот оган директно од Ерусалим е историски чин за македонските граѓани

Денеска напладне во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Израел започнува церемонијата „преземање на Благодатниот оган во Ерусалим“, на која за првпат свое учество има македонско-црковна делегација. Како што соопшти владината прес-служба, на овој голем чин кој се одржува секоја година на Велика Сабота има претставници од повеќе држави кои со владини и црковни почести, го пренесуваат светиот оган во своите земји.
Во пресрет на овој историскиот настан за македонската држава, нејзините граѓани и за МПЦ-ОА, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој ја предводи македонската делегација во Ерусалим, рече дека му причинува чест и задоволство што ја предводи делегацијата на македонската Влада и на Македонската православна црква – ОА којашто за прв пат ја има честа да го преземе Благодатниот оган директно од Ерусалим. -Ова е историски чин кој се случува веднаш по воведувањето во канонско единство и признавање на нашата света црква, ова е прва година во којашто директно од Храмот со благослов на Патријархот Ерусалимски, ќе можеме да го преземеме огнот и да го однесеме во Македонија, рече Спасовски, додавајќи дека тоа е значајно за верата, значајно е за државата, за нашите граѓани, значајно е за нашата црква која веќе се вбројува во големото православно семејство.Во делегацијата се и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, г. Јосиф.
Македонската државно-црковна делегација присуствуваше на утринската богослужба во храмот на Воскресението во Ерусалим на која чиноначалствуваше Неговата светост, Патријархот Ерусалимски Теофил. Во пладневните часови е најавена церемонијата на „преземање на Благодатниот оган“ во Базиликата на Светиот Гроб
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение